МАКП го одржа своето Годишно Собрание на ден 28.11.2025 со физичко и онлајн присуство на членовите, и со тоа ја заокружи работата во оваа неверојатно плодна година со активности, иницијативи, настани и соработки. Огромна благодарност до сите членови на МАКП што донесоа идеи и нови иницијативи, инпути за досегашната работа и одлична енергија при заседавањето на собранието, кое оваа година се одржа во новите простории на нашите партнери Schoenherr Attorneys at Law.
По официјалниот дел – cozy vibes & cool beats во Mr. Jack со наши пријатели и партнери: добра атмосфера, паметни разговори и многу смеење. Токму вакви моменти ја градат заедницата.
Влегуваме во 2026 со уште посилен фокус, нови проекти и истата – ако не и поголема – страст да ја движиме корпоративно-правната професија напред.







