Настан во организација на ДДК Адвокатско друштво и МАКП: Ефикасни инструменти за обезбедување на побарувања: поголема сигурност, побрза наплата, подобра ликвидност

ДДК Адвокатско друштво и МАКП организираат стручен настан посветен на една од најкритичните теми во современото деловно работење – како навремено и сигурно да се обезбедат и наплатат побарувањата.

📅 06.05.2026 (Среда)
📍 Хотел DoubleTree by Hilton Skopje
🕛 Почеток: 12:00 часот (регистрација од 12:00 – 12:30)

Во услови кога ликвидноста е директно поврзана со стабилноста и растот на компаниите, изборот на вистински инструменти за обезбедување на побарувања станува клучна деловна одлука. Овој настан има за цел да понуди практични насоки, реални искуства и применливи стратегии од релевантни експерти.

Настанот е структуриран во два панела:

ПАНЕЛ 1: Конвенционални инструменти за обезбедување
Залози, корпоративни гаранции, меници и извршни клаузули – нивните предности, ризици и предизвици во пракса, како и реалните ситуации во кои тие функционираат (или не функционираат).

ПАНЕЛ 2: Неконвенционални решенија
Факторинг, ескроу сметки, осигурување на побарувања и продажба на доспеани побарувања – современи алатки кои овозможуваат побрза наплата и подобро управување со ризикот.

Ограничен број на учесници (до 50) – за поквалитетна интеракција и дискусија.
Регистрација: www.events.macl.mk

По официјалниот дел следи коктел и можност за неформално вмрежување со учесниците и говорниците.

Ова е настан за сите компании и професионалци кои сакаат поголема контрола врз своите побарувања, намален ризик и поефикасна наплата – без непотребни одолговлекувања и компликации.