Правила за здрава деловна конкуренција: МАКП на специјализирана обука во Белград

На 17 април, претставници на Македонска асоцијација на корпоративни правници учествуваа на специјализираната обука „Правила за здрава деловна конкуренција“, која се одржа во Белград, во ko – организација со адвокатската канцелари Schoenherr Attorneys at Law

Настанот беше посветен на актуелните прашања поврзани со правото на конкуренција, институционалната рамка, судската заштита и улогата на корпоративните правници во создавање и одржување на фер и одржлива деловна средина. Програмата опфати практични аспекти од примената на правилата за заштита на конкуренцијата, compliance политики, како и размена на искуства помеѓу правни експерти и корпоративни советници од регионот.

Во обуката учествуваа и претседателката и генералниот секретар на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во првиот дел стана збор за институционалната рамка и судската заштита во Република Северна Македонија, по што следеше интерактивна дискусија со присутните компаниски правници. Особен акцент беше ставен на практичните предизвици со кои се соочуваат компаниите во примената на правилата за заштита на конкуренција и значењето на превентивните мерки кои треба да се преземаат интерно во компаниите.

Во рамки на посетата на Белград, претставниците на Македонска асоцијација на корпоративни правници остварија и средба со Здружение на компаниски правници на Србија, на која беа разгледани можностите за понатамошна соработка, организирање заеднички настани, професионални обуки и размена на добри практики во областа на корпоративното право.

МАКП продолжува активно да ја унапредува професионалната едукација, регионалното поврзување и размената на знаења помеѓу корпоративните правници, со цел зајакнување на правната сигурност и развој на современи корпоративни практики во регионот.