МАКП настан: Иднината на правните служби во компаниите: Вештачка интелигенција, податоци и KPI во донесувањето одлуки (разговор со Мори Кабири)

Правните оддели сè повеќе прераснуваат во стратешки партнери на бизнисот. Со примена на вештачка интелигенција, правните податоци и KPI индикатори, правните служби во компаниите треба да носат подобри одлуки, појасно да ја демонстрираат својата вредност и да придонесуваат кон деловниот успех.

Македонска асоцијација на корпоративни правници со задоволство го најавува Mori Kabiri, основач на LegalOpsKPIs.com, автор на книгите Legal Operations KPIs и Law Firm KPIs, и експерт за правни операции, мерење на перформанси и управување со правните тимови базирано на податоци.

Придружете ни се на сесијата каде Мори ќе зборува за:

  • Како се менува улогата на интерните правни тимови – од функцијата за поддршка до стратешки деловен партнер
  • Како KPI индикаторите и правните податоци им помагаат на правните тимови појасно да ја комуницираат својата вредност за менаџментот
  • Како вештачката интелигенција го менува нивното работење и кои вештини ќе бидат клучни за современите правници во корпорациите
  • Како правните служби можат да користат метрика за подобро одлучување поврзано со услугите од надворешните адвокати, обемот на работа, ризиците и приоритетите во усогласеноста.

Пријавувањето е на: events.macl.mk

Настанот е наменет исклучиво за членовите на МАКП, компаниските правници и партнерите на МАКП, и истиот ќе се оддржи на Англиски јазик.