
Правната професија доживува трансформативна промена, при што современите правници се истакнуваат како disruptors (нарушувачи). Тие не само што се приспособуваат на новите технологии, туку активно ги прифаќаат за да го подобрат своето работење.
Ова беше еден од клучните заклучоци од уште една интересна панел-дискусија што ја организираше МАКП, насловена “Дисруптивни практики што ја движат правната професија” која се одржа на Регионалниот Правен Бизнис Форум во Златибор, Србија, на 5-ти ноември 2024 година.
Нашите панелисти ја покажаа способноста да се поврзат со публиката на забавен и енергичен начин!
Панелот беше модериран од нашиот генерален секретар и член на управниот одбор, Ана Хаџиева Ангеловска. На неа ѝ се придружија нашите почитувани панелисти: Маријана Андриќ, Марина Атанасоваи Филип Зафировски. Благодарни сме за нивното учество и споделените мислења.
Форумот заврши со инспиративен фристајл wrap-up разговор помеѓу Вукашин Петковиќ, претседател на Здружението на корпоративни правници во Србија и нашиот претседател Иван Петрушевски.
Честитки за организаторот – Здружението на корпоративни правници во Србија за нивната исклучителна посветеност и работа на овој настан!
Организиравме и мал квиз, а победниците на квизот добија бесплатно учество на претстојната конференција на МАКП на тема “Еколошка Правда”, закажана за 13-ти и 14-ти декември 2024 година во Крушево. Ајде да продолжиме да ги истражуваме можностите што се пред нас во променливиот правен пејзаж.“
Честитки до победниците и се гледаме таму!





