Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници (МАКП) подготви нова работилница специјално за вас, на тема: “Осигурување – Се’ што треба да знаат правниците и бизнисот”
Дали сте правник или бизнис лидер кој сака подобро да го разбере светот на осигурувањето? Заштитете го вашиот бизнис и вашите клиенти!
Оваа работилница е специјално дизајнирана да ви ги даде клучните знаења и алатки потребни за ефикасно да се движите низ прашањата за осигурување.

Што ќе научите:
-Различни видови на осигурување релевантни за бизниси
-Одговорност и осигурување од одговорност
-Како да изберете соодветно осигурување за вашите потреби
Кој треба да присуствува?
Правници кои работат со комерцијално право, Сопственици на бизниси и менаџери, Финансиски директори, Сите кои сакаат да го подобрат своето знаење за осигурување
Предавачи:
Д-р Оливера Клинчарова – Делта ИНС Брокер АД Скопје, Претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија
М-р Ана Атанасовска – Раководител на Правен оддел и осигурување во ЕВН АД Скопје, член на МАКП
Модератор:
М-р Симона Цветкоска – Раководител на Сектор за правни и општи работи во Микросам ДОО Прилеп, член на УО на МАКП
Детали за работилницата:
🗓️ 28.05.2025
🕛12:00 – 14:00ч.
📍 Zoom (линк ќе следи)
🗒️ Агенда (дополнително ќе биде споделена)
*Членови на МАКП бесплатно
*За сите останати 900 денари
Регистрирајте се уште денес на следниот линк: https://maclevents.mk/ или испратете е-пошта на: events@macl.mk
Регистрацијата завршува на 27.05.2025, во 12ч..
*При регистрација може да поставите конкретни прашања од темата, на кои ќе Ви биде одговорено на работилницата.
Не ја пропуштајте оваа можност да научите како посигурно да го заштитите бизнисот и вашите клиенти!