За Нас

Запознај го МАКП

Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници (МАКП) е основана на 9 декември 2022 година од група ентузијасти со визија за создавање на уникатна заедница за поддршка на правните професионалци од деловниот сектор, кои живеат и работат во секојдневниот бизнис свет.

МАКП е прва организација од својот вид во Северна Македонија, која ги обединува корпоративните правници активни во различни индустрии, дел од национални и интернационални корпорации. МАКП е горд член на Европската Асоцијација на Корпоративни Правници, ECLA. 

Ние го претставуваме гласот на корпоративниот правник, со цел да се постигнат највисоките стандарди во професијата, неопходни за успехот и растот на секој бизнис.

Кои сме ние

Вредности

МЕРИТ

Ние веруваме дека секој успех е резултат на нашата посветеност, напорна работа и вештини. Секој проект што го започнуваме е одраз на нашите способности, и секогаш се стремиме да бидеме најдобри во сè што правиме.

АКЦИЈА

Ние не чекаме спасители. Секојдневно донесуваме брзи одлуки, но базирани на силни аргументи, и веднаш реагираме во создавањето и спроведувањето на решенија за постојаните предизвици со кои се соочуваат бизнисите.

КРЕАТИВНОСТ

Ги тренираме нашите умови и секогаш се стремиме да ги забележиме предизвиците од различни перспективи и да понудиме соодветни одговори кои финално ги штитат бизнисите.

ПОЗИТИВНОСТ

Животот полн со сериозност и стрес не значи дека треба да го изгубиме нашиот хумор и позитивноста. Го негуваме нашиот ентузијазам и енергија и ги интегрираме во нашата работа.

За што се залагаме

Визија

Поддршка за зголемување на ресурсите за целосно екипирани и опремени правни оддели во приватните компании, кои работат во средина која постојано е динамична и со растечки број на регулативи.

Унапредување и примена на уникатното знаење и искуство кое го имаат корпоративните правници, стекнати низ долгогодишна проценка и непосредна примена на правни решенија во реални случаеви на бизнисот.

Подобрување на функционалноста на системот и етичките вредности како наши обединувачки и поттикнувачки мотиви, да го прифатиме предизвикот за постојано подобрување и со тоа да предизвикаме позитивна промена во општеството и заедницата во која живееме и работиме.

Раст и залагање за вредноста на професијата корпоративен правен советник.

За што се залагаме

Цели

Промоција и развој на репутацијата и влијанието на професијата.
Измени во тековнато законодавство за прифаќање и регулирање на работата на корпоративниот правник кај неговиот работодавач, со статус на привилегирана информација, позната како Правна Професионална Привилегија, ППП (еднаква на привилегијата меѓу адвокат-клиент).
Зголемување и залагање за етика во работата на корпоративните правници и операциите на бизнисот.
Афирмација на улогата на корпоративниот правник во економијата и создавање на услови за правна регулација на професијата преку основање на комори или други облици на здружување за таа цел.
Спротивставување на корупцијата, судирот на интереси, произволните права, прекумерната регулација и бирократските практики кои ги отежнуваат операциите во бизнисот.
Подигнување на улогата на корпоративниот правник во заштита на операциите на бизнисот.
Креирање на силни врски помеѓу корпоративните правници во земјата и странство.
Соработка со судови, јавни обвинителства, државни органи и институции, комори, меѓународни организации и факултети.
Следење и изготвување на предлози за промени во законодавството за постигнување на висок степен на хармонизација со законодавството на ЕУ.
Иницијативи за мерки и промени во законодавството кои го олеснуваат растот на инвестиции од странски и домашни компании и подобрување на соработката помеѓу нив.
Размена на знаење, идеи, искуства и информации.
Промоција, развој и претставување на нови технологии и дигитални решенија во правните операции.
Инспирација на силни врски полни со живост и ентузијазам во сериозниот свет на правото во деловниот свет.
Во првите борбени редови

Управен Одбор

Иван
Петрушевски

Претседател на МАКЛ

Орде
Ѓорѓиоски

Потпретседател

Ана Хаџиева Ангеловска

Генерален Секретар

Ана
Заковска

Член на управен одбор

Ристе
Мацески

Член на управен одбор

Александар
Матески

Член на управен одбор

Јана Стојкова Каневче

Член на управен одбор

Симона
Цветковска

Член на управен одбор

Во првите борбени редови

Управен Одбор

Иван
Петрушевски

Претседател
на МАКЛ

Орде
Ѓорѓиоски

Потпретседател

Ана Хаџиева Ангеловска

Генерален Секретар

Ана
Заковска

Член на управен одбор

Ристе
Мацески

Член на управен одбор

Александар
Матески

Член на управен одбор

Јана Стојкова Каневче

Член на управен одбор

Симона
Цветковска

Член на управен одбор

Работни Групи

Дигитализација

Прочитај Повеќе

Усогласеност

Прочитај Повеќе

Работни
Односи

Прочитај Повеќе

ESG

Прочитај Повеќе

Достигнувања

Членови
0
Бизнис сектори и индустрии
0
Годишни собранија
0
Вебинари
0
Формални поднесоци за предлог законодавни измени
0
Учества на правни и бизнис форуми
0
Меѓународни конференции и/или организација на панели
0
Јавни Анкети и Анализи
0

Партнери

Пријатели

Биди дел од нашата заедица!

Иновации, Вештачка интелигенција (AI) и дигитализација

Оваа работна група ги следи регулативите и трендовите, изнаоѓајќи конкретни иновативни решенија за користење на вештачката интелигенција во секојдневното работење на корпоративните правници, споделува знаења преку вебинари и обуки.

Усогласеност (Compliance)

Оваа група е одговорна за општата усогласеност на компаниите со сите закони и интерни правила, преку развој и примена на стратегии, политики и програми за обука. Нивната работа се состои во насоки за проценки на ризикот и создавање процедури за да се минимизираат прекршувањата, со цел заштита на организацијата од правни и финансиски последици.

Мрежа на Офицери за заштита на лични податоци

Во оваа работна група се вклучени корпоративните правници кои се и Офицери за заштита на лични податоци, како и сите останати кои се занимаваат со приватноста и заштитата на личните податоци. Тие подготвуваат акти за заштита на лични податоци како и насоки за управување со ризиците од оваа област.

Трудово право и Работни односи

Оваа работна група се фокусира на активно следење на законодавните промени и предлагање нови закони за подобрување на правната рамка, како и блиска соработка со организации на работниците и работодавачите.

Добро корпоративно управување и ESG (Environmental, Social, Governance)

Оваа работна група ги поддржува корпоративните правници да ги продлабочат своите знаења во однос на правните прашања поврзани со животната средина, општеството и корпоративното управување (ESG), преку усогласување со Кодексот за корпоративно управување, како и подобрување на ESG известувањето.

Нефер Трговски Практики, Проекти, државна помош и конкуренција

Групава дава насоки преку конкретни примери за користење на државна помош, а истовремено активно соработува со надлежните институции, се фокусира на детектирање на неусогласности, како и изградба на организациони и персонални капацитети.

Оваа група се фокусира и  на заштита на потрошувачите и бизнисите од нечесно однесување на пазарот. Тие се занимаваат со појаснување на законските оредби и нивната практична примена, преку блиска соработка со надлежните институции, со цел воведување на јасни насоки при примената на законските одредби и секојдневното работење на компаниите од областа на FMCG индустријата.