Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници спроведе анкета на членството за активностите и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на професијата.
Анкетата сумира податоци за начинот на функционирањето на корпоративните правници во рамки на компании кои во државата вработуваат над 19.600 работници и имаат вкупен годишен приход од над 1 милијарда евра. Дополнителен осврт од Анкетата се дава и на предизвиците кои ги наметнуваат глобалните правни трендови.
Истражувањето покажа дека корпоративните правници во најголемиот дел се единствените правници задолжени за вршење на правни работи во компаниите во кои работат, со широк спектар на работни обврски меѓу кои доминантна позиција заземаат склучување и спроведување на договори, корпоративно работење, правна усогласеност и работни односи.
Темите кои корпоративните правници ги сметаат за најголем предизвик во следниот период се темите за ESG (добро корпоративно управување) и честа промена на законодавство. Во значителен дел се застапени и темите за АI (вештачка интелигенција) и заштита на лични податоци.
Генерално, најголем предизвик на корпоративните правници во Македонија е (пре)aнгажираноста на корпоративниот правник во работната организација како и зголемувањето на независноста и делувањето. Имајќи ги во предвид околностите и предизвиците со кои се соочуваат корпоративните правници, несомнено произлегува дека во иднина треба да се посвети дополнително внимание за позицијата и значењето на корпоративниот правник во работната организација како и подобрување и формално уредување на статусот на корпоративните правници во рамките на правниот систем во државата.
Повеќе за анкетата можете да погледнете на следниот линк