Битка на професиите – корпоративни правници наспроти адвокатура на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Еден од настаните кои дефинитивно нѝ го одбележаа летниот семестар
Дуел во кој своите аргументи ги вкрстија претставници од двете моќни правни патеки – корпоративното право и адвокатурата – секоја со своите предизвици, одговорности и уникатен професионален сјај.
Иако започнаа со жестина, сепак на крај двата тима заклучија дека нивните професии не се исклучуваат ниту заменуваат една со друга, туку се комплементарни и насочени кон реализација на иста цел – правилна примена на правото и заштита на правата на своите клиенти/компании
на крај на настанот, Ninoslav Nankov спроведе и квиз, а за учесниците кои имаа најмногу точни одговори и одговорија за најкратко време беа доделени награди, комплет правна литература од Law Office & Intellectual Property Bureau Pepeljugoski (Адвокатско Друштво Пепељугоски/Law Office Pepeljugoski) и три целосни котизации за учество на претстојниот настан во организација на Macedonian Association of Corporate Lawyers / Македонска асоцијација на корпоративни правници (Ana Hadzieva Angelovska) .




