Aнкета на МАКП поврзана со професионалните предизвици на корпоративните правници за 2025 година

Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници во периодот од 01-30.04.2025 година спроведе анкета поврзана со професионалните предизвици на корпоративните правници за 2025 година.

Анкетата сумира податоци за начинот на функционирањето на корпоративните правници во рамки на компаниите, предзвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење, потребата од дополнителни вештини како и предизвици поврзани со позицијата на корпоративниот правник.

Анализата покажа дека корпоративните правници во најголем дел работат во тим од 2-3 правници додека процентот на оние кои што се единствени правници во компаниите е сеуште висок. Корпоративните правници изршуваат широк спектар на работни задачи и обврски каде што доминанти се правната усогласеност и корпоративното работење, работните односи, склучување и спроведување на договори и заштита на лични податоци. Покрај редовните работните задачи и обврски, корпоративните правници најчесто ги извршуваат и работите на Офицер за заштита на лични податоци како и Одговорно лице за етика и усогласеност.

Во извршувањето на работните задачи, поголемиот дел, преку 50%, од корпоративните правници употребуваат ВИ алатки а најчесто користена алатка е Chat GPT. Системите за управување со документи, е-архива, систем за управување со договори, е-потпис и тикет систем се дел од технолошките решенија кои корпоративните правници сакаат да ги имплементираат со цел подобрување на нивната ефикасност во работата.

Како најголем предизвик на корпоративнитите правници во Македонија и понатаму продолжува да биде (пре)aнгажираноста на корпоративниот правник во работната организација како и правниот статус на корпоративниот правник во рамките на правниот систем  и нејасната регулатива.

Иако анализата на анкетата покажува дека учеството на мали правни тимови се зголемило во однос на процентот на вработените како единствени правници во компаниите, (пре)ангажираноста на корпоративниот правник и понатаму останува главен предизвик на корпоративните правници. Како позитивен тренд може да се смета употребата на ВИ алатки како и желбата за имплементација на технолошки решенија заради подобрување на продуктивноста во работата. Идните активности на корпоративните правници несомнено треба да продолжат во насока на  подобрување на позицијата и значењето за корпоративниот правник во организацијата, неговиот формален статус во рамките на правниот систем како и подобрување на можностите за влијание врз донесувањето и/или измена на регулативата.

Погледнете ја целата анкета тука.