Членовите на МАКП го завршија своето учество на првиот Регионален Правен Бизнис Форум и успешниот панел во наша организација. Нови стандарди за регионална соработка во нашата област беа воспоставени, со Асоцијацијата на корпоративните правници во Србија и другите учесници, кои продолжуваме да ги развиваме и негуваме. Голема благодарност до нашите почитувани панелисти во областа на Арбитражата: Ниам Леинватер – Генерален секретар на Виенскиот меѓународен арбитражен центар, Илија Митрев Пенушлиски – Партнер во Three Crowns LLP, Париз, Марија Шекјероска – Сениор правен асистент во Гранит АД, Скопје, Јован Никчевиќ – Управувачки партнер во Никчевиќ & Капор, Белград и на медијаторот на панелот, Иван Петрушевски – KOSTAL Group, Претседател на MАКП.






