“Leading M&A from Within: The In-House Counsel’s Guide”

24 септември 2025 (среда) 
🕓 16:00 – 18:00 (CET)
📍 онлајн преку MACL Zoom
🔗 регистрирај се: https://maclevents.mk/

Иако финансиските и даночни советници, како и адвокатите се стандардни партнери во одредени фази од процесот на спојувања и аквизиции (M&A), вистинската тежина и улога на корпоративните правници – како едни од двигателите на внатрешниот процес, неговата структура и имплементација – ретко се анализира одблиску. Време е тоа да се промени.

🔍 Овој вебинар нуди токму тоа: стратегиски увид од внатре, искуства со интердисциплинарна соработка и интеграција низ повеќе вертикали во организацијата.

👥 Нема подобар тим за оваа цел од нашите Ана Граматикова Талевска, Моника Стефаносвка и Ана Заковска, искусни корпоративни правници со докажано учество во повеќе високопрофилни M&A зделки во софтверската индустрија, вклучувајќи некои од најобемните пост-M&A трансформации во регионот.
Без разлика дали моментално сте вклучени во M&A или не – оваа практична рамка (blueprint) ќе ви послужи како непроценлив ресурс за вашиот професионален раст.
Деталната Агенда е во прилог! Виртуелните места се ограничени – пријавете се со време!