И оваа година, по четврти пат Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници беше покровител на Regional Business Legal Forum во Златибор.
Форумот, како и секоја година обедини истакнати корпоративни правници од различни индустрии како и адвокати од земјата и регионот, создавајќи простор за размена на знаења, искуства и идеи за предизвиците и можностите што ги носат современите промени,
Вториот работен ден го отвори претседателот на МАКП Иван Петрушевски, кој во своето воведно обраќање ја нагласи важноста на правната професија како активен учесници во креирањето стабилна, одговорна и одржлива деловна средина. Тој се осврна на сè позначајната улога на корпоративните правници во поддршката на доброто корпоративно управување, усогласеноста и успешното справување со предизвиците што ги носат технолошките и регулаторните промени.
Во рамки на настанот беше организирана панел-дискусија на тема „Who Really Governs AI? The Legal Function’s Expanding Strategic Role in Making Governance Work“, каде модератор беше Орде Ѓорѓиоски, потпретседател на МАКП. Со своето богато Орде искуство отвори значајна дискусија за улогата на правниците во ерата на вештачката интелигенција. Во своето излагање јасно наведе дека вештачката интелигенција претставува алатка што во голема мера ја олеснува работата на корпоративните правници, овозможувајќи поголема ефикасност и побрза обработка на информации. Сепак, клучното прашање не е дали AI ќе се користи, туку како ќе се користи. Токму затоа, воспоставувањето јасни правила како истата ќе се користи претставува основа за нејзина сигурна, етичка и доверлива примена.
Regional Business Legal Forum уште еднаш ја потврди својата вредност како настан за размена на знаења и искуства во регионот.





