Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници (МАКП) е основана на 9 декември 2022 година од група ентузијасти со визија за создавање на уникатна заедница за поддршка на правните професионалци од деловниот сектор, кои живеат и работат во секојдневниот бизнис свет.
МАКП е прва организација од својот вид во Северна Македонија, која ги обединува корпоративните правни советници активни во различни индустрии, дел од национални и интернационални корпорации.
Ние го претставуваме гласот на корпоративниот правен советник, со цел да се постигнат највисоките стандарди во професијата, неопходни за успехот и растот на секој бизнис.
Кои сме ние
Вредности
МЕРИТ
Ние веруваме дека сè што правиме и создаваме е награда за нашата способност, напорната работа и вештини.
АКЦИЈА
Ние не чекаме спасители. Секојдневно донесуваме брзи одлуки, но базирани на силни аргументи, и веднаш реагираме во создавањето и спроведувањето на решенија за постојаните предизвици со кои се соочуваат бизнисите.
КРЕАТИВНОСТ
Ги тренираме нашите умови и секогаш се стремиме да ги забележиме предизвиците од различни перспективи и да понудиме соодветни одговори кои финално ги штитат бизнисите.
ПОЗИТИВНОСТ
Животот полн со сериозност и стрес не значи дека треба да го изгубиме нашиот хумор и позитивноста. Го негуваме нашиот ентузијазам и енергија и ги интегрираме во нашата работа.
За што се залагаме
Визија
за целосно екипирани и опремени правни оддели во приватните компании, кои работат во средина која постојано е динамична и со растечки број на регулативи.
кое го имаат корпоративните правници, преку својот развиен менталитет од долгогодишниот период на проценки и примена на правни решенија за реални случаи во корпоративниот и бизнис сектор.
како наши обединувачки и поттикнувачки мотиви, да го прифатиме предизвикот за постојано подобрување и со тоа да предизвикаме позитивна промена во општеството и заедницата во која живееме и работиме.
на професијата корпоративен правен советник.
Како дејствуваме
Цели
Промоција и развој на репутацијата и влијанието на професијата.
Измени во тековнато законодавство за прифаќање и регулирање на работата на корпоративниот правник кај неговиот работодавач, со статус на привилегирана информација (еднаква на привилегијата меѓу адвокат-клиент).
Зголемување и залагање за етика во работата на корпоративните правници и операциите на бизнисот.
Афирмација на улогата на корпоративниот правник во економијата и создавање на услови за правна регулација на професијата преку основање на комори или други облици на здружување за таа цел.
Спротивставување на корупцијата, судирот на интереси, произволните права, прекумерната регулација и бирократските практики кои ги отежнуваат операциите во бизнисот.
Подигнување на улогата на корпоративниот правник во заштита на операциите на бизнисот.
Креирање на силни врски помеѓу корпоративните правници во земјата и странство.
Соработка со судови, јавни обвинителства, државни органи и институции, комори, меѓународни организации и факултети.
Следење и изготвување на предлози за промени во законодавството за постигнување на висок степен на хармонизација со законодавството на ЕУ.
Иницијативи за мерки и промени во законодавството кои го олеснуваат растот на инвестиции од странски и домашни компании и подобрување на соработката помеѓу нив.
Размена на знаење, идеи, искуства и информации.
Промоција, развој и претставување на нови технологии и дигитални решенија во правните операции.
Инспирација на силни врски полни со живост и ентузијазам во сериозниот свет на правото во деловниот свет.
Во првите борбени редови
Управен Одбор
Достигнувања
1
Членови
1
Бизнис сектори и индустрии
1
Годишни собранија
1
Вебинари
1
Јавни Анкети
1
Развиени проектни предлози
1
Интерни дискусии за развој на знаења на избрани правни теми
1
Формални поднесоци за предлог законодавни измени
1
Учества на правни и бизнис конференции
1
Организиран меѓународен панел на тема Арбитража