Loading
Happy To Discuss About Your Requirement  Get a Quote

Вести

Активности на МАКП за појаснување на примената на Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи

Активности на МАКП за појаснување на примената на Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи

Објавена е Листата на земјоделски и прехранбени производи врз основа на која се утврдуваат нефер трговски практики во синџирот на снабдување (Сл.Весник на Р.С.М“ бр.109/24). Потребата за ургентно донесување на Листата беше едно од барањата за кои се залагаше Македноската Асоцијација на Копоративни Правници (МАКП). МАКП со своите ресурси при подготовката на Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи истапи пред институциите со цел навремено олеснување на процесот на усогласување во постапувањето на членките на МАКП со Законот. За таа цел Работна група во рамките на МАКП одржа повеќе состаноци и директни средби со претставници од надлежни институции. По спроведената анализа на спецификите на новото законско решение беа адресирани неколку недоречености во Законот и потребата од појаснувања на одредени сегменти. Коментарите и прашањата првенствено се искомуницираа со надлежните институции, а потоа беа претставени и на заинтересираните членки.

Најголемиот дел од нив се однесуваа на:

- расчистување на потребата од утврдување на праговите за значителна преговарачка моќ во членот 6, а во контекст на членот 8 од Законот;

- обврската за целосно формализирање на договорните односи;

- појаснување и прецизирање на одредбите поврзани со поединечните забранети нефер трговски практики утврдени во членот 8;

- имплементација на исклучоците и рабатот / надоместоците кои добавувачот ќе му ги одобрува на купувачот и др.

Со цел отстранување на сите дилеми и разгледување на евентуална потреба од подобрување на текстот на Законот, подготвена е листа на прашања и дилеми која е споделена и усогласена со надлежните институции и во најкраток рок очекуваме истата да биде објавена од страна на надлежните органи со цел поедноставување на процесот на имплементација.

Ги повикуваме сите заинтересирани учесници на пазарот, без оглед дали се членки на МАКП или не, да дадат свој активен придонес во насока на отстранување на сите дилеми и прашања кои ги имаат поврзани со имплементација на овој Закон и слободно да се обратат во МАКП за правна поддршка и споделување на информации, вклучително и претходно поставени и одговорени прашања на оваа тема, како и други релевантни податоци.

Prev Сподели
Арбитража: премногу рано или премногу модерно?
мај 27, 2024