Loading
Happy To Discuss About Your Requirement  Get a Quote

MACL

Author: MACL

Анкета на Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници 

Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници спроведе анкета на членството за активностите и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на професијата. Анкетата сумира податоци за начинот на функционирањето на корпоративните правници во рамки на компании кои во државата вработуваат над 19.600 работници и имаат вкупен годишен приход од над 1 милијарда евра.

Арбитража: премногу рано или премногу модерно?

Економските околности забрзано се менуваат, развојот на пазарот и новите технологии иницираат и бараат адаптибилност и ефикасност на фирмите како би можеле да опстојат и да продолжат да се развиваат. Константно се зборува за конкурентноста на компаниите и нивните капацитети за следење на модерните и иновативните западни пазари, а реалноста дава горчлив вкус дека трчаме на некоја скратена патека , каде неретко се влегува несвесно, избрзано и недоволно запознаени со модерните пазарни услови.

Податоците како клучно средство во дигиталната ера!

  На 05.04.2024 година, во хотел Мериот во Скопје, успешно се одржа настанот во иницијација и со поддршка на МАКП, а во соработка со Schoenherr, на тема “Податоците како клучно средство во дигиталната ера”. Настанот со свое излагање го отвори претседателот на МАКП, а понатаму имавме можност

Целта и функцијата на корпоративните правници - Непоколебливи заштитници на интересите на компанијата

Од Мартин Алексоски. Добро подготвените корпоративни правници сè повеќе се потребни во светот на бизнисот, каде што промените можат да се случат брзо и без предупредување. Корпоративните правници се неуморните бранители на законските права на организацијата, осигурувајќи се дека одлуките и дејствијата се во согласност со законот. Работата на корпоративните правници е особено важна за развојот и растот на организацијата, како и за нејзините севкупни перформанси.

Трето годишно собрание на МАКП 

На 24.11.2023 година, се одржа третото собрание на МАКП, на кое домаќин беше Пивара Скопје АД. По успешното завршување на собранието, претставниците на околу 30 македонски компании имаа можност одблизу да го видат процесот на производство на пиво, да се запознаат со историјата на Пивара Скопје

Прв Регионален правен бизнис форум - МАКП Меѓународен Панел за Арбитража 

Членовите на МАКП го завршија своето учество на првиот Регионален правен бизнис форум и успешниот панел во наша организација. Нови стандарди за регионална соработка во нашата област беа воспоставени, со Асоцијацијата на корпоративните правници во Србија и другите учесници, кои продолжуваме да ги развиваме и негуваме.

Второ годишно собрание на МАКП 

На 9-ти мај, 2023 година, Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници го одржа своето второ годишно собрание, во Витаминка АД Прилеп, во одлична организација и атмосфера. Дневниот ред вклучуваше два дела: 1. Расправа за тековните теми во областа на корпоративното право, во која МАКП активно учествува, и 2. Области поврзани со работата на МАКП и нејзиниот понатамошен развој

Основање на МАКП - Прво собрание 

Со огромно задоволство сме почестени да споделиме дека денес беше основана Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници (МАКП) на Северна Македонија, како прво тело од овој вид. Домаќин на инагуралното собрание на МАКП беше КЕМЕТ, компанија на YAGEO.