Loading
Happy To Discuss About Your Requirement  Get a Quote

Категорија: Вести

Вести

Анкета на Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници 

Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници спроведе анкета на членството за активностите и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на професијата. Анкетата сумира податоци за начинот на функционирањето на корпоративните правници во рамки на компании кои во државата вработуваат над 19.600 работници и имаат вкупен годишен приход од над 1 милијарда евра.

Активности на МАКП за појаснување на примената на Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи

Објавена е Листата на земјоделски и прехранбени производи врз основа на која се утврдуваат нефер трговски практики во синџирот на снабдување (Сл.Весник на Р.С.М“ бр.109/24). Потребата за ургентно донесување на Листата беше едно од барањата за кои се залагаше Македноската Асоцијација на Копоративни Правници (MAKП).

Трето годишно собрание на МАКП 

На 24.11.2023 година, се одржа третото собрание на МАКП, на кое домаќин беше Пивара Скопје АД. По успешното завршување на собранието, претставниците на околу 30 македонски компании имаа можност одблизу да го видат процесот на производство на пиво, да се запознаат со историјата на Пивара Скопје

Второ годишно собрание на МАКП 

На 9-ти мај, 2023 година, Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници го одржа своето второ годишно собрание, во Витаминка АД Прилеп, во одлична организација и атмосфера. Дневниот ред вклучуваше два дела: 1. Расправа за тековните теми во областа на корпоративното право, во која МАКП активно учествува, и 2. Области поврзани со работата на МАКП и нејзиниот понатамошен развој

Основање на МАКП - Прво собрание 

Со огромно задоволство сме почестени да споделиме дека денес беше основана Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници (МАКП) на Северна Македонија, како прво тело од овој вид. Домаќин на инагуралното собрание на МАКП беше КЕМЕТ, компанија на YAGEO.