Loading
Happy To Discuss About Your Requirement  Get a Quote

Вести

Вести

Улогата на корпоративниот правник при инспекциски надзор

Др. Орде Ѓорѓиоски, Една од најважните обврски на корпоративниот правник е идентификацијата и превенцијата на правните ризици во работењето. Во таа смисла, слободно може да се каже дека корпоративниот правник има обврска да врши интерен надзор над примената на законите и другите прописи

Анкета на Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници 

Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници спроведе анкета на членството за активностите и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на професијата. Анкетата сумира податоци за начинот на функционирањето на корпоративните правници во рамки на компании кои во државата вработуваат над 19.600 работници и имаат вкупен годишен приход од над 1 милијарда евра.

Активности на МАКП за појаснување на примената на Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи

Објавена е Листата на земјоделски и прехранбени производи врз основа на која се утврдуваат нефер трговски практики во синџирот на снабдување (Сл.Весник на Р.С.М“ бр.109/24). Потребата за ургентно донесување на Листата беше едно од барањата за кои се залагаше Македноската Асоцијација на Копоративни Правници (MAKП).

Арбитража: премногу рано или премногу модерно?

Економските околности забрзано се менуваат, развојот на пазарот и новите технологии иницираат и бараат адаптибилност и ефикасност на фирмите како би можеле да опстојат и да продолжат да се развиваат. Константно се зборува за конкурентноста на компаниите и нивните капацитети за следење на модерните и иновативните западни пазари, а реалноста дава горчлив вкус дека трчаме на некоја скратена патека , каде неретко се влегува несвесно, избрзано и недоволно запознаени со модерните пазарни услови.

Вебинар со Стерлинг Милер!

Со големо задоволство ја најавуваме ексклузивната можност за сите МАКП членови и за нашите пријатели: Вебинар со неповторливиот Стерлинг Милер, автор на блогот Ten Things You Need To Know As In-House Counsel.

ПРАВНА АНАЛИЗА И СТАВ ЗА УТВРДУВАЊЕТО НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИ

19.04.2024 Со Решението за распишување избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како и Решението за распишување избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), се утврди дека изборите ќе се одржат

Податоците како клучно средство во дигиталната ера!

  На 05.04.2024 година, во хотел Мериот во Скопје, успешно се одржа настанот во иницијација и со поддршка на МАКП, а во соработка со Schoenherr, на тема “Податоците како клучно средство во дигиталната ера”. Настанот со свое излагање го отвори претседателот на МАКП, а понатаму имавме можност

Целта и функцијата на корпоративните правници - Непоколебливи заштитници на интересите на компанијата

Од Мартин Алексоски. Добро подготвените корпоративни правници сè повеќе се потребни во светот на бизнисот, каде што промените можат да се случат брзо и без предупредување. Корпоративните правници се неуморните бранители на законските права на организацијата, осигурувајќи се дека одлуките и дејствијата се во согласност со законот. Работата на корпоративните правници е особено важна за развојот и растот на организацијата, како и за нејзините севкупни перформанси.

Трето годишно собрание на МАКП 

На 24.11.2023 година, се одржа третото собрание на МАКП, на кое домаќин беше Пивара Скопје АД. По успешното завршување на собранието, претставниците на околу 30 македонски компании имаа можност одблизу да го видат процесот на производство на пиво, да се запознаат со историјата на Пивара Скопје

Прв Регионален правен бизнис форум - МАКП Меѓународен Панел за Арбитража 

Членовите на МАКП го завршија своето учество на првиот Регионален правен бизнис форум и успешниот панел во наша организација. Нови стандарди за регионална соработка во нашата област беа воспоставени, со Асоцијацијата на корпоративните правници во Србија и другите учесници, кои продолжуваме да ги развиваме и негуваме.