Вовед
Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници (МАКП) ("ние", "нас" или "нашите") е посветена на заштитата на личните податоци на лицата кои ја посетуваат нашата веб-страна и комуницираат со нас. Оваа Политика за приватност и колачиња уредува како ги собираме, користиме и обезбедуваме вашите лични податоци. Користењето на нашата веб-страна подразбира ваша согласност со условите на оваа Политика за приватност и колачиња. Го задржуваме правото повремено да ја измениме нашата Политика за приватност и колачиња и таквите промени да ги објавиме на нашата веб-страна. Секоја референца на "ВИЕ", "ВАС" или "ВАШИТЕ" се однесува на секој корисник и посетител на оваа веб- страна или на секое лице кое ќе воспостави однос со МАКП или за кое МАКП собира и обработува лични податоци, согласно условите и одредбите во оваа Политика за приватност и колачиња и согласно актите на МАКП.
Кои информации ги собираме
Собираме информации кои ги споделувате со нас преку нашиот контакт формулар, или информации кои ни ги праќате по електронска пошта на нашата контактна адреса info@macl.mk. Информациите кои ги собираме преку нашиот контакт формулар го вклучуваат вашето име и презиме и вашата електронска пошта. Исто така, дополнително можеме да собираме податоци за вашата работна позиција и вашиот телефонски број во случај да го пополните нашиот образец за пристапување во МАКП како член.
Во случај да имате желба да стапите во партнерски однос со нас, можеме да ги собираме вашето име и презиме, вашиот телефон, електронска пошта, деловна или домашна адреса.
Цел и употреба
Целите за што ги собираме и обработуваме вашите лични податоци се:
- за воспоставување на соработка со вас, како член на МАКП, доколку исполнувате услови за тоа или како партнер и поддржувач на МАКП.
- да ви праќаме вести и новости за нашата работа и активности, ако сте се согласите дека сакате да бидете контактирани за соработка.
- да го администрираме и евидентираме нашето членство и активностите на истото.
Информациите ги собираме и користиме врз основа на согласност, договор или/и законска обврска. Исто така, одредени информации можеме да користиме по основ на легитимен интерес за спроведување на потребните активности на организацијата, во кој случај таквиот легитимен интерес соодветно ќе го документираме согласно законските прописи.
Податоците ги чуваме согласно применливите прописи и се додека постои основ и причина за чување на истите.
Не собираме никакви финансиски информации преку нашата веб страна, ниту пак овозможуваме плаќања преку истата.
Не собираме, со намера ниту свесно, никакви информации за деца, други сензитивни информации или посебни категории на податоци.
Колачиња
Колачиња се мали датотеки со букви и броеви што ги чуваме на вашиот веб пребарувач или на хард дискот на вашиот уред, што е како компјутерска меморија. Колачиња од прва и трета страна: дали колачето е од „прва“ или „трета“ страна се однесува на доменот што го става колачето. Колачиња од прва страна се оние поставени од веб-страната што ја посетува корисникот во тоа време (на пример колачиња поставени од доменот на нашата веб-страна). Колачиња од трета страна се колачиња што се поставени од различен домен од оној на веб страната што ја посетува корисникот. Ако корисникот ја посети веб страната и друг субјект постави колаче преку таа веб страна, ова би било колаче од трета страна.
Постојани колачиња: овие колачиња остануваат на уредот на корисникот за одреден временски период наведен во колачето. Тие се активираат секој пат кога корисникот ќе ја посети веб страната што го создала тоа конкретно колаче.
Сесиски колачиња: овие колачиња им овозможуваат на операторите на веб-страните да ги поврзат постапките на корисникот за време на сесијата на веб пребарувачот. Сесијата на веб пребарувачот започнува кога корисникот го отвора прозорецот на веб пребарувачот и завршува кога ќе го затвори прозорецот на веб пребарувачот. Сесиските колачињата се привремени. Откако ќе го затворите веб пребарувачот, сите сесиски колачиња се бришат.
Koи колачиња ги користиме и зошто? Веб страната користи колачиња за да ве разликува од другите корисници на веб страната. Тоа ни помага да ви овозможиме подобра функционалност кога ја пребарувате веб страната, и исто така ни овозможува да ја подобриме. Колачињата што ги користиме на нашата веб страна може да се категоризираат на следниов начин:
- Неопходни колачињa
- Колачиња за перформанси
- Колачиња за функционалност
- Колачиња за таргетирање
Некои колачиња може да исполнат повеќе од една од овие цели.
‘Неопходните’ колачиња дозволуваат да се движите низ веб страната и да ги користите основните карактеристики. Без користење на овие колачиња, не може да обезбедиме користење на нашата веб страна. Ние ги користиме овие неопходни колачиња за:
- да ве идентификуваме дека сте најавени на веб-страната;
- безбедносни цели.
‘Колачиња за перформанси’ собираат информации за тоа како ја користите веб-страната, на пример кои страни ги посетувате и дали се соочувате со грешки. Овие колачиња не собираат никакви информации што би можеле да ве идентификуваат и се користат само за да ни помогнат да го подобриме работењето на веб-страната, да ги разбереме интересите на нашите корисници и да ја измериме ефективноста на нашето рекламирање. Колачињата за перформанси ги користиме за:
- Спроведување на веб аналитики: Статистика за користење на веб страната;
- Спроведување на поврзано следење: Овозможување на фидбек на поврзаните субјекти за тоа дали посетителите на нашата веб страна ја посетиле и нивната веб страна;
- Следење на бројот на корисници на веб страната и која содржина ја посетиле;
- Да ни помогне при мерење на грешки кои настанале;
- Тестирање на различни дизајни за веб страната. Некои од нашите колачиња за перформанси се управувани од трети страни.
‘Функционалните колачиња’ се користат за овозможување на услуга или за да се запамтат подесувањата кои што сте ги направиле за вашата следна посета. Функционалните колачиња ги користиме за:
- Меморирање на подесувањата што сте ги поставиле, како што се големина на текст, преференци, боја и слично;
- Меморирање на податок дали сме ве прашале да пополните прашалник. Некои од нашите колачиња за перформанси се управувани од трети страни.
‘Таргетираните’ колачиња се користат за да се следи вашата посета на нашата веб страна, за да ни овозможи да ви прикажуваме таргетирани реклами. Таргетираните колачиња ги користиме за:
- Прикажување на тергетирани реклами на нашата веб страна;
- Подобрување на доставата на таргетирани реклами и содржина, како и мерење на успехот на кампањите на нашата веб страна.
Кога ни е потребна вашата согласност?
За сите колачиња е потребна Вашата согласност. Без претходно дадена согласност, не ги поставуваме колачињата на вашиот уред. Можете да дадете согласност со кликнување на соодветното копче на банерот што ви се прикажува при отворање на сајтот. Вашата согласност може да ја дадете или да ја повлечете во секое време. Имајте предвид дека оневозможувањето на овие колачиња ќе влијае на функционалноста на веб-страната и може да ве спречи да имате пристап до одредени карактеристики на веб-страницата.
Како да ги избришете и блокирате колачињата? Освен банерот за согласност за колачиња, повеќето веб-пребарувачи ви овозможуваат да контролирате колачиња преку поставките на пребарувачот. Алтернативно, користете ја опцијата "Помош" во вашиот интернет пребарувач за повеќе детали.
За да дознаете повеќе за колачињата, вклучувајќи за што колачињата се поставени и како да ги подесите и избришете, посетете ја веб страната www.aboutcookies.org.
Вашите Права
Вашите права се следни:
- Право на пристап - имате право да барате пристап до личните податоци кои ги имаме за вас
- Право на исправка - имате право да барате корекција на податоците кои ги имаме за вас ако истите се истечени или неточни
- Право на бришење - имате право да побарате да ги избришеме сите податоци кои ги имаме за вас. Ние имаме право да утврдиме дали е тоа возможно, во случај да имаме законска обврска да чуваме одредени податоци за вас.
- Право на ограничена обработка - Имате право да побарате одредена обработка да биде ограничена или повеќе да не се применува за одредена цел.
- Право на приговор за обработка - имате право да приговарате за обработката на вашите податоци
- Право за преносливост на податоци - Имате право да побарате да се пренесат вашите податоци на трета страна
- Право на приговор - Можете да се пожалите за употребата и обработката на вашите лични податоци, со тоа што ќе ни пишете, за да можеме да ја корегираме употребата или обработката, во случај вашиот приговор да е основан. Доколку не ви одговориме на приговорот, или пак го одбиеме вашето барање, можете да го поднесете вашиот приговор до надлежното тело за заштита на лични податоци утврдено подолу.
Ве молиме пишете на info@macl.mk во случај да сакате да искористите кое било од вашите права. Ние пак имаме право да побараме да го докажете вашиот идентитет, пред да преземеме дејствија согласно вашето барање, со цел да ги овозможиме вашите права.
Органот за заштита на лични податоци под чија надлежност е активноста на МАКП е Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.(https://azlp.mk/), каде можете да поднесете приговор, доколку не сме ви одговориле.
Безбедност и Пренос
Ние не ги објавуваме, продаваме, пренесуваме вашите лични податоци на трети лица, без ваша согласност.
Можеме да користиме решенија на трети лица за администрирање на работата на МАКП и да ги зачуваме вашите информации во таквите решенија. Тие решенија имаат поставено технички и организациски мерки за заштита и безбедност на вашите информации.
Маркетинг
Нема да ги користиме вашите лични податоци за директен маркетинг без ваша согласност.
Сепак, можеме да ви пратиме вести и новости за нашите активности во иднина, во случај да сте дале согласност да бидете контактирани за понатамошна комуникација и соработка.
Линкови од трети лица
Нашата веб-страница може да содржи линкови до веб-страни или апликации од трети лица. Ние не ги контролираме политиките за приватност на тие веб-страни или апликации, и тие не се опфатени со оваа Политика за приватност и колачиња. Ви препорачуваме да ги разгледате политиките за приватност на другите веб-страни или апликации кои ги користите или сте ги посетиле истите, користејќи линк од нашата веб-страна, за да дознаете за нивните практики за заштита на податоци, пред да продолжите да ги користите.
Не прифаќаме никаква одговорност за вашата употреба на таквите линкови, веб-страници, платформи или апликации од трети лица.
Промени на политиката
Повремено можеме да направиме промени во политиката, и истите да ги објавиме на нашата веб страна. Оваа Политика на приватност и колачиња последно е модифицирана и објавена на нашата веб страна на ден 04.03.2024 година,и влегува во сила со денот на нејзината објава.
Контакт
+ 389 (0)72 204 840
+ 389 (0)71 330 922