Прифаќање на условите
These Terms of Use constitute a legally binding agreement made between you, whether personally or on behalf of an entity (“you”) and Macedonian Association of Corporate Lawyers (“MACL”, “Organisation”, “we,” “us” or “our”), concerning your access to and use of the https://www.macl.mk веб страната, како и која било друга медиумска форма, медиумски канал, мобилна веб страна или мобилна апликација поврзана или на друг начин линкувана со истата (колективно "Веб страна").
Се согласувате дека со пристапување на Веб Страната, сте ги прочитале, разбрале и се согласувате да бидете обврзани со овие Услови за користење. Доколку не сте согласни со овие Услови за користење, тогаш употребата на Веб страната не е дозволена и истата треба да ја прекинете веднаш.
Какви било дополнителни Услови за користење или документи кои можат да бидат објавени на Веб страната повремено, се изрично интегрирани како составен дел на овие Услови. Го задржуваме правото да направиме промени или модификации на овие Услови за користење во било кое време и поради било кој причина.
Доколку направиме измени на овие Услови за истите ќе ве известиме на начин што ќе го ажурираме датумот на "Последни промени" на овие Услови, а вие се откажувате од кое било право да добиете од нас лично известување за направените промени.
Одговорноста да правите проверка на овие Услови од време на време е ваша, за да останете информирани за ажурирањето на истите. Доколку продолжите да ја користите Веб страната по датумот на објава на промени во овие Услови, ќе се смета дека сте биле уредно известени за новите промени и истите сте ги прифатиле.
Информациите дадени на оваа Веб страна не се наменети за дистрибуција на или користење од кое било лице или ентитет во која било јурисдицкција или земја, каде таквата дистрибуција или користење би биле спротивни на закон или друга регулатива, или би предизвикале некоја обврска кон нас за регистрација во таквата јурисдикција или земја.
Соодветно на тоа, оние лица кои избираат да пристапат на Веб страната од други локации го прават тоа по сопствена иницијатива и се единствено одговорни за усогласеноста со локалните закони, доколку и до степен до кој се применуваат локалните закони.
Веб страната е наменета за корисници кои имаат најмалку 13 години. Сите корисници кои се малолетни во јурисдикцијата во која живеат (обично на возраст под 18 години) мора да имаат дозвола и да бидат директно надгледувани од нивниот родител или старател за да ја користат Веб страната. Ако сте малолетни, мора да побарате од вашиот родител или старател да ги прочита и да се согласи со овие Услови за користење пред да ја користите Веб страната.
Употреба на содржината
Содржината на Веб страната е дадена само за информативни цели. Иако MАКП се стреми да ја обезбеди точноста и комплетноста на информациите, не даваме никакви директни или индиректни гаранции, во врска со веродостојноста, соодветноста или достапноста на содржината.
Вашата употреба на какви било информации или материјали на Веб страната е целосно на ваш сопствен ризик. Одговорноста да се осигурате дека секоја информација или документација достапна преку Веб страната ги исполнува вашите специфични барања е целосно ваша.
Интелектуална сопственост
Целата интелектуална сопственост на Веб страната, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на трговски марки, логоа, слики, текст и графики, е ексклузивна сопственост на MАКП („Интелектуална сопственост“). Забрането е да се врши неовластено користење или репродукција на интелектуалната сопственост без изрична писмена согласност од MАКП.
Ништо на Веб страната не ви дава никаква лиценца или право да користите какви било трговски марки, логоа или други сопственички информации без изречна писмена согласност од MАКП.
Под услов да ги исполнувате условите за користење на Веб страната, ви се доделува ограничена лиценца за пристап и користење на Веб страната, а дозволено ви е да преземате или печатите копија од кој било дел од содржината до која сте добиле пристап исклучиво само за ваша лична, некомерцијална употреба. Ги задржуваме сите права кои не ви се изречно дадени за и на Веб страната, нејзината содржината и трговски марки.
Ваши обврски
Со користењето на оваа Веб страна, вие се обврзувате со и го гарантирате следново:
- сите информации што ќе ги доставите ќе бидат вистинити, точни, актуелни и целосни;
- деловно сте способни и се согласувате да се придржувате кон овие Услови за користење;
- не сте помлади од 13 години;
- не сте малолетно лице во јурисдикцијата во која живеете;
- нема да пристапите на Веб страната преку автоматизирани или нечовечки средства, без разлика дали преку бот, скрипта или на друг начин;
- нема да ја користите Веб страната за какви било незаконски или неовластени цели;
- Вашата употреба на веб страната нема да прекрши ниту еден применлив закон или регулатива.
Доколку дадете какви било информации што се невистинити, неточни, не актуелни или нецелосни, имаме право да го одбиеме вашето барање направено преку Веб страната.
Забранети дејствија
Не смеете да пристапите или да ја користите веб страната за која било цел освен за онаа за која истата е достапна. Веб-страната не смее да се користи во врска со какви било комерцијални активности, освен оние што се конкретно подржани или одобрени од нас.
Како корисник на Веб страната, забрането ви е:
- систематски да преземате податоци или друга содржина од Веб страната за креирање или составување, директно или индиректно, збирка, компилација, база на податоци или директориум без писмена дозвола од нас;
- да правите каква било неовластена употреба на Веб страната и нејзината содржина;
- да ја користите Веб страната за рекламирање или понуда за продажба на стоки и услуги;
- да ги заобиколите, оневозможите или на друг начин ги попречите функциите поврзани со безбедноста на Веб страната, вклучително и функциите што ја спречуваат или ограничуваат употребата или копирањето на која било содржина или наметнуваат ограничувања за употребата на Веб страната и/или нејзината содржина;
- се вклучите во неовластено врамување или поврзување со Веб страната;
- да направите измама или не доведете во заблуда нас и другите корисници, особено ако тоа го сторите обидувајќи се да стигнете до чувствителни информации;
- да ги користите нашите услуги за поддршка неправилно или да поднесувате лажни извештаи за злоупотреба или недолично однесување;
- да се претставувате како друг корисник или лице.
- да ги користете кои било информации добиени од Веб страната со цел да вознемирувате, злоупотребувате или повредите друго лице;
- да се обидете да избегнете какви било мерки на Веб страната поставени да го спречат или ограничат пристапот до истата или кој било нејзин дел;
- да бришете какво било известување за авторски права или други сопственички права од која било содржина;
- да прикачите или пренесете (или да се обидете да прикачите и пренесете) вируси, тројански коњи или друг материјал, вклучително и прекумерна употреба на големи букви и спамирање (континуирано објавување повторувачки текст), што се меша во непреченото користење и уживање на Веб страната, или пак да модифицирате, оштетувате, нарушувате, менувате или попречувате во користењето, карактеристиките, функциите, работењето или одржувањето на веб страната;
- да омаловажувате, оцрнувате или на друг начин ни наштетите, нам или на Веб страната, а согласно нашето мислење;
- да ја користите Веб страната на начин што не е во согласност со важечките закони или прописи.
Поднесоци
Потврдувате и се согласувате дека сите прашања, коментари, предлози, идеи, повратни информации или други информации во врска со Веб страната(„Поднесоци“) што ни ги доставувате не се доверливи и ќе станат наша единствена сопственост. Ние ќе поседуваме ексклузивни права, вклучувајќи ги и сите права на интелектуална сопственост, и ќе имаме право на неограничена употреба и ширење на овие поднесоци за која било законска цел, комерцијална или друга, без признание или компензација за вас.
Согласно максималната дозволеност утврдена со применливото право, вие се откажувате од сите права на таквите Поднесоци и гарантирате дека Поднесоците кои сте ги поднеле се ваши и го уживате правото истите да ги поднесувате. Се согласувате и гарантирате дека нема да има регрес или барање против нас за какво било наводно или вистинско прекршување или злоупотреба на кое било сопственичко право во и поврзано со вашите Поднесоци.
Линкови и содржина на трети лица
Веб-страната може да содржи линкови до веб-страни на трети лица за ваша погодност или дополнителни информации ("Линкови од трета страна"), како и содржина од трета страна, како што се слики, графики, документи и други видови медиуми („Содржина од трета страна"). Овие линкови или содржина од трета страна не подразбираат препорака или одобрување на поврзаните страници од наша страна. МАКП нема контрола врз содржината, природата или достапноста на поврзаните веб-страници.
Ние не сме одговорни по ниеден основ за Линковите од трета страна или Содржината од трета страна поврзана со нашата Веб страна. Вашата употреба на која било поврзана веб-страна и нејзината содржина е на ваш сопствен ризик, а MАКП не е одговорна за какви било штети или загуби кои би можеле да произлезат од таквата употреба.
Нема гаранции; Одрекување од одговорност
Содржината на Веб страната е обезбедена „како што е“ и без какви било директни или индиректни гаранции. МАКП ги отфрла сите гаранции, вклучително, но не ограничувајќи се на имплицитните гаранции за одредена цел, до степен максимално дозволен согласно применливото право.
МАКП нема да биде одговорна за какви било директни, индиректни, случајни, последователни или казнени штети кои произлегуваат од вашиот пристап до или користење на Веб страната. Ова вклучува штети за загуба на добивка, добра волја, употреба, податоци или други нематеријални загуби, дури и во случај да постоел совет за можноста за таква штета.
Обештетување
Се согласувате да го обештетите и заштитите МАКП, неговите претставници, членовите на управниот одбор или неговото членство и партнери, од какви било побарувања, обврски, штети, загуби и трошоци, вклучително и разумни адвокатски надоместоци кои произлегуваат од вашата употреба на Веб страната или прекршување на овие Услови за користење.
Промена на Условите
МАКП го задржува правото да ги измени или ажурира овие Услови за користење. Промените ќе бидат ефективни веднаш по објавувањето на Веб страната. Вашето континуирано користење на Веб страната по објавувањето на какви било измени претставува прифаќање на ревидираните услови.
Применливо Право
Овие Услови за користење се регулирани и толкувани во согласност со законите на Република Северна Македонија. Секој спор што произлегува од или е поврзан со овие Услови ќе биде предмет на ексклузивна надлежност на судовите во Скопје, Северна Македонија.
Завршни Одредби
Ако некоја одредба или дел од одредба од овие Услови за користење се утврди дека е незаконска, неважечка или неприменлива, таа одредба или дел од одредбата се смета дека може да се оддели од овие Услови за користење и не влијае на валидноста и извршноста на останатите одредби.
Не постои заедничко вложување, партнерство, вработување или агенциски однос создаден помеѓу вас и нас поради овие Услови за користење или користење на Веб страната. Се согласувате дека овие Услови за користење нема да се толкуваат против нас поради тоа што сме ги подготвиле.
Со ова се откажувате од спорење на електронската форма на овие Услови за користење и недостатокот на потпис од страна на страните за извршување и применливоста на истите поради тоа.
Контакт
За какви било прашања или забелешки во врска со овие Услови за користење, ве молиме пишете ни на info@macl.mk.
Last updated: 31.03.2024