Работна средба: предизвици при усогласувањето со регулативата за заштита на личните податоци

Во организација на Македонската асоцијација на корпоративни правници (МАКП) и Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП),  на 14 октомври 2025 година, во новите простории на адвокатсткото друштво Schönherr во Скопје, се одржа работна средба посветена на практичните предизвици со кои се соочуваат компаниските правници и HR одделите при усогласувањето со регулативата за заштита на личните податоци.

Дискусијата ја водеше координаторот на Работната група на офицери за заштита на личните податоци при МАКП, Марина Атанасова, а на наше големо задоволство, активно учество земаа и членовите и претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси, Дарко Петровски .  

Преку динамична дискусија беа споделени конкретни насоки за секојдневната обработка на личните податоци во компаниите, на теми како:


 🔹 обработка на личните податоци при вработување,
 🔹 пристап до лични досиеја и споделување чувствителни информации,
 🔹 дигитална приватност и работа од дома,
 🔹 безбедно користење на комуникациски канали и cloud сервиси,
 🔹 како да се постапи во реални ситуации во работењето.

Претседателот на МАКП, Иван Петрушевски и Заменик директорката на АЗЛП Елена Велјановска, склучија Меморандум за соработка како основ за идна поддршка и  заеднички активности, насочени кон поголема свесност и усогласеност со законодавството.

Настанот заврши со коктел за вмрежување, при што учесниците ја потврдија потребата од континуирана соработка и размена на добри практики меѓу компаниските правници, HR одделите и АЗЛП.