РЕЗИМЕ: МАКП ја заврши својата инаугуративна конференција за еколошко право со огромен успех – ГАЛЕРИЈА

Македонското Здружение на Корпоративни Правници (МАКП) со гордост беше домаќин на својата прва правна конференција на 13 и 14 декември 2024 година, во хотел Монтана, во историското Крушево. Под темата „Еколошкото право во фокусот на компаниите – дилеми, прашања и предизвици“, настанот собра педесет правни професионалци, корпоративни лидери и експерти за животна средина, означувајќи значајна пресвртница за МАКП и земјата на оваа важна тема.

Дводневната конференција ја отворија Орде Ѓорѓиоски, потпретседател на МАКП, и Ивана Ѓиновска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина, а се одржаа четири панели и една специјална презентација, кои истражуваа клучни теми од областа на животната средина и корпоративното право, предводени од четиринаесет истакнати говорници.

Најважните моменти на конференцијата беа:

Клучни панели и дискусии

1. Дозволи за животна средина и обврски – Експертите ги разгледаа итни обврски и перспективи за компаниите кои се занимаваат со интегрирани еколошки прописи, што се вклучи во возбудлива дискусија со публиката. Им благодариме на д-р Наташа Бакреска, г-ѓа Цветанка Николоска, д-р Наталија Ацеска и г-дин Лабро Патче за нивните увиди и интересен дијалог.

2. Откривања за ESG во трговското право – Експертите говорници на оваа панел-дискусија се задлабочија во придобивките и предизвиците на усогласеноста со ESG стандардите, разликувајќи ги обврските за јавно-листираните компании на државната берза од општите трендови во известувањето и очекуваните идни регулативи. Благодарни сме за споделените искуства од г-дин Васко Гогдановски, проф. д-р Емилија Ѓорѓиоска и д-р Орде Ѓорѓиоски, како и на г-дин Ристе Мацески, кој го модерираше панелот.

3. Управување со амбалажен отпад – Лидери од индустријата дискутираа за трендовите и политиките што ја обликуваат одржливата отпадна политика. Голема благодарност до д-р Филип Ивановски, г-ѓа Ана Карафилова-Мазневска и д-р Александар Мацекi за нивните непроценливи согледувања, како и до г-дин Влатко Водасов, модераторот на панелот.

 4. Финансирање на зелената транзиција – Панел модериран од г-дин Иван Петрушевски, исполнет со увидите на нашите експерти, ја истакна финансиската перспектива и можностите за бизнисите кои се приспособуваат на новите еколошки стандарди на ЕУ. Благодарност за споделените мислења и експертиза на г-ѓа Ирина Аврамска-Пашоска и г-дин Љубомир Пејовски.

Покрај четирите панели, специјално излагање имаше Бојана Станоjевска-Пецуровска за усогласувањето на македонското законодавство со еколошките директиви на ЕУ, кое поттикна живи дискусии за усогласеност и корпоративна одговорност.

Учесниците исто така уживаа во можностите за вмрежување, вклучително и свечен коктел по повод 2-риот роденден на МАКЛ, кој го збогати актерот, комичар и мајстор на стендап настапи Никола Тодороски, чие извонредно шоу не остави во солзи од смеа. По завршувањето на конференцијата, дел од учесниците решија да уживаат во живописните предели на Крушево и да ги посетат неговите монументални знаменитости, меѓу кои и „Македониумот“, родната куќа на еден од најголемите македонски сликари – Никола Мартиноски – со неговата неверојатна збирка на ретки уметнички дела, како и спомен-куќата на Тоше Проески (роден и израснат во Крушево), сакан и прочуен македонски пејач кој прерано нѐ напушти.

Оваа конференција претставува пресвртна точка за македонските корпоративни правници. Еколошкото право веќе не е маргинална тема – тоа е бизнис императив.

Уживајте во Галеријата!