Регионалниот правен бизнис форум во Златибор (Regional Legal Business Forum 2025) и оваа година се потврди како едно од најзначајните собири на правните професионалци во регионот. Настанот собра над 500 учесници од Србија, Македонија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија, што уште еднаш ја потврди неговата важност за развојот на корпоративното право во регионот.
Програмата на форумот опфати различни актуелни правни и деловни теми како што се: улогата на правната функција во застапувањето на интересите на компаниите; предизвиците з во дигиталната арена, правните аспекти за заштита на конкуренцијата, енергетските перспективи за регионот, меѓународни санкциите и нивните импликации, примената на ESG-стандардите и усогласеноста на компаниите и други. Посебно интересен и интерактивен беше панелот за очекувањата на директорите од корпоративните правници, каде што Милорадот Крстиќески од British American Tobacco и Саша Марковиќ од Coca-Cola Hellenic ги споделија своите искуства од работата со правните оддели во компаниите.
Традиционално, Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници активно учествува и го поддржува овој форум. Оваа година, претседателот на МАКП, Иван Петрушевски го отвори вториот ден од настанот при што ги презентираше резултатите и рапидниот раст на асоцијацијата. Посебно ги истакна значењето на интелектуалната независност на корпоративниот правник и потребата за развој на сопствен (регионален) модел на статусот на компаниските правнци.Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници останува посветена на размена на искуства и регионално партнерство во интерес на целокупната правна заедница.
This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.








