Ги споделуваме впечатоците од уште една успешно остварена меѓународна конференција!
На 10-ти октомври, 2024, заедно со Центарот за меѓународна арбитража во Виена и глобалната адвокатска куќа специјализирана за арбитража, Three Crowns, на огромно задоволство и со голема посветеност ја организиравме еднодневната конференција на тема “Arbitration 360: Cutting-Edge Issues and Expert Advice” во хотел Панорамика, Скопје.
Конференцијата ја отвори Претседателот на МАКП, Иван Петрушевски, а свој говор за добредојде имавме чест да има и Министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој изрази поддршка за настанот да стане една традиција на место за добивање знаења, запознавање со новите и следење на трендовите во алтернативните начини на решавање на спорови.
Илија Митрев Пенушлиски, партнер во Three Crowns, имаше чест да ја претстави главната говорничка, Генералниот Секретар на VIAC, Нив Линватер, која ја сумираше историјата на VIAC и ги претстави можностите и предностите на овој арбитражен центар, кој е водечки во Југоисточна Европа, во изнаоѓањето на ефикасно, брзо и трајно решение за постапките на страните кои ја одбираат арбитражата како начин на решавање на спорови.
Темата на конференцијата беше разработена на два панела и три мошне интересни и практични работилници, односно:
-
-
- Првиот панел дискутираше на тема комерцијална арбитража, кои се трендовите (особено на Балканот) и значајните аспекти. Благодарност до Бојана Панева, која беше модератор на првиот панел и до ценетите панелисти Марија Шеќероска, Славен Моравчевиќ, Ана Пепељугоска и Владимир Павиќ, на кои сме им благодарни за одличната и предизвикувачка дискусија.
-
-
- Вториот панел се фокусираше на инвестиционата арбитража, каде се дискутираа искуства и предизвици од државата, која е странка во арбитражни предмети, како и пошироко во Европа и светот. Илија Митрев Пенушлиски беше модератор на овој исклучително интересен панел, а гости му беа одличните Виктор Мизо, Стојне Данилова, Ана Станиќ и Камалиа Мехтијева, на кои им благодариме за нивното споделено искуство и знаење со нашите посетители, што даде еден нов стандард на значењето на ваквите настани.
-
-
- Учесниците имаат можност да одберат да присуствуваат на една од трите различни работилници, каде ги осознаа најдобрите практики преку споделените искуства и знаења на панелистите со присутните, а за: а) преговарање на арбитражна клаузула (модерирана од Професор Горан Коевски и Марина Атанасова), б) избор на арбитри и адвокати во постапка на арбитража (предводена од Илија Митрев Пенушлиски и Нив Линватер) и ц) ефикасност и управување со трошоците во арбитражен процес (водена од Марија Шеќероска и Славен Моравчевиќ).
Панелистите беа со различни експертизи од областа на арбитражата, со цел да може да ги покрајт интересите на различните групи и застапници на често спротиставени страни поради што, неизбежна беше исполнителна дискусија.
Арбитражата како алтернативен начин на решавање на спорови, особено со прекуграничен и/или меѓународен фактор, се повеќе се избира како водечно решение помеѓу странските и домашни партнери. Табу причините за високите трошоци и неизвесноста при извршувањето, постепено но сигурно веќе припаѓаат на минатото, засенети од ефикасноста и брзината на решавањето на споровите, гаранција на извршувањето од Конвенцијата од Њујорк и компетититивните меѓународни центри кои со своите модели и понуди истата ја прават подостапна.
Им благодариме на сите кои придонесоа со својот огромен труд и ентузијазам за остварување на конференцијата!
Уживајте во галеријата!
























































































