Во серијата есенски настани Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници (МАКП) подготви уште една работилница за вас, на тема: “Меѓународни трговски договори – правни аспекти и дигитални можности”, настан за правници и бизнис професионалци кои сакаат да ги разберат клучните меѓународни правни извори и договорни стандарди да избегнат правни ризици и да ги искористат новите дигитални можности во меѓународната трговија.

Дознајте:
- Кои се клучните правни извори кај меѓународните договори
- Кои клаузули мора да ги содржи еден договор за меѓународна купопродажба на стоки (со практични примери)
- Како дигиталните алатки и платформи ги трансформираат трговските односи
Предавачи:
- Д-р Емилија Ѓорѓиоска – Вонреден професор на Економски факултет Прилеп
- М-р Симона Цветкоска – Раководител на Сектор за правни и општи работи во Микросам ДОО Прилеп, член на УО на МАКП
- М-р Ристе Мацески – Правен советник во Пивара Скопје АД, член на УО на МАКП
Детали за вебинарот:
- 29.10.2025 (среда)
- 14:00 – 16:00ч.
- Zoom (линк ќе им биде пратен навремено на пријавените учесници)
Агенда на вебинарот:

Учеството за сите членови на МАКП е бесплатно. За сите останати котизацијата изнесува 1000 денари.
Регистрирајте се уште денеска на следниот линк: https://maclevents.mk/
Регистрацијата завршува на 28.10.2025, во 14ч..
*При регистрација може да поставите конкретни прашања од темата, на кои ќе Ви биде одговорено на вебинарот.
Пријавете се сега и обезбедете си го Вашето место!