Како компаниите денес да ги управуваат комерцијалните спорови? Каде завршува
превенцијата, а каде започнува ефективното решавање на конфликтите? Какво е
влијанието на вештачката интелигенција врз арбитражата и современата правна
практика?
На овие и на други актуелни прашања ќе се дискутира на настанот „Решавање на трговски
спорови: Стратегии за компаниите и нивните правни сектори – Виена и Скопје во
дијалог“, кој го организираме во соработка со Виенскиот меѓународен арбитражен
центар (VIAC) и реномираната адвокатска канцеларија на Three Crowns LLP.
Настанот е замислен како платформа за размена на практични искуства и професионален
дијалог помеѓу правни експерти, со посебен акцент на потребите на интерните правни
тимови во компаниите кои произлегуваат од нивното секојдневно работење.
Програмата ќе понуди увид во најновите трендови во областа на комерцијалните
спорови, како и дискусија за предизвиците со кои се соочуваат менаџерските тимови и
корпоративните правни сектори при договарање на арбитражата, застапувањето во
спорови, примената на ВИ во арбитражните процеси и други практични прашања кои се
неизбежни во услови на брзи технолошки и деловни промени.
Настанот е наменет за:
• интерни правници и раководители на правни сектори;
• корпоративни секретари;
• compliance и risk management професионалци;
• членови на управни и извршни тимови кои работат со правни и регулаторни
прашања;
• адвокати и други правни професионалци со интерес во областа на деловните
спорови и арбитражата.
Време и место на одржување:
29 октомври 2026 година
Хотел Holiday Inn, Скопје
09:30 – 14:00 часот
Регистрација: https://lnkd.in/dytHg7wF
Тука можете да ја најдете агендата на настанот.
Можеби арбитражите се реткост во компаниите, но повеќето компаниски правници и
менаџери треба да ги разберат можностите што ги нуди институтот „арбитража“ особено
во контекст на потенцијални идни деловни предизвици.
Благодарност до Адвокатско друштво Дебарлиев Дамески и Ќелешоска, како и Адвокатско
друштво Поповски и Партнери за поддршката во реализацијата на овој настан.
Придружете ни се на дискусија која ги поврзува меѓународните искуства и локалните
предизвици во областа на решавањето трговски спорови и работата на современите
корпоративни правни сектори
Промоцијата на мерките за алтернативно решавање на трговските спорови е една од
нашите основачки цели а повеќе информација за наши претходни настани може да
најдете на следните локации:
Арбитражен Форум: Истражување решенија за ефективно решавање спорови – MACL
Прв Регионален правен бизнис форум – МАКП Меѓународен Панел за Арбитража – MACL